back to top
13.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Новата Лара Крофт е повредена: Снимањето вонредно е прекинато

Други наслови

Снимањето на серијата „Tomb Raider“ е прекинато откако главната актерка Софи Тарнер се повреди.

Актерката, која ја толкува Лара Крофт во серијата, „неодамна претрпе полесна повреда“, изјави портпаролот на „Прајм Видео“ за „Дедлајн“ и „Варајати“.

„Како превентивна мерка, продукцијата е привремено паузирана за да ѝ се даде време на Софи Тарнер да се опорави. Со нетрпение очекуваме што поскоро да продолжиме со продукцијата“, објавија тие.

Сè уште не е познато за каква повреда станува збор и дали ќе влијае на датумот на премиерата на серијата. „Дедлајн“ исто така објавува, повикувајќи се на извори, дека паузата ќе трае две недели и дека членовите на екипата ќе бидат платени.

„Амазон МГМ Студиос“, кои го продуцираат „Томб Рејдер“ за „Прајм Видео“ во соработка со „Кристал Дајнамикс“, 
го објавија почетокот на продукцијата на долгоочекуваната серија  
на 15 јануари со објавувањето на првата слика од Тарнер како Лара Крофт.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести