back to top
9.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Орбан најави отпор: „Ќе возвратиме“

Други наслови

Лидерот на опозициската Фидес и поранешен унгарски премиер Виктор Орбан изјави денес, откако парламентот го усвои 17-тиот амандман на Уставот, дека доколку унгарскиот претседател Тамаш Шуљок биде „насилно отстранет од функцијата“, Унгарија ќе има право да се спротивстави.

Орбан оцени дека Фидес нема да ги признае, како што изјави, „агресивните методи на автократија“ како легитимни и легални и додаде дека претседател кој, според него, би бил „нелегално назначен“ не може да донесува законски одлуки, објави МТИ.

„Доколку претседателот биде насилно отстранет , Унгарија има право да се спротивстави и ние ќе го искористиме тоа право“, рече Орбан .

Тој оцени дека денес целта е претседателот , но дека, како што тврди, истото може да му се случи на секого утре.

Орбан најави отпор: Ќе возвратиме

Претходно денес, унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот, кој, меѓу другото, ќе овозможи прекинување на мандатот на актуелниот претседател на Унгарија, Тамаш Шуљок, еден ден по стапувањето во сила на амандманите, а унгарскиот премиер Петер Маѓар оцени дека ова е важен чекор во, како што изјави, враќањето на уставниот поредок и реформата на државните институции.

Според одобрениот предлог, лицата кои биле пратеници вкупно најмалку 12 години или кои веќе биле избрани за пратеници на најмалку три избори повеќе нема да можат да се кандидираат на изборите за пратеници.

Амандманите предвидуваат дека мандатот на актуелниот претседател на Републиката ќе заврши денот по нивното стапување во сила.

После тоа, парламентот ќе избере нов шеф на државата за периодот до стапувањето во сила на новиот Устав, а најмногу пет години.

Според усвоените одредби, претседателот има рок од пет дена да ги потпише амандманите на Уставот. Доколку не го стори тоа, парламентот може да покрене постапка за негово разрешување. Во тој случај, претседателот повеќе нема да може да ги врши уставни овластувања, а законот би можел да го прогласи претседателот на парламентот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести