back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Пелистер ќе добие новиот ловечки објект – опожарениот ќе се руши и обнови

Други наслови

На локацијата позната како „Ловечка“ на 2000 метри надморска височина, Националниот парк „Пелистер“ започна со активности за рушење на објект кој беше опожарен во ноември 2021 година.

Од паркот информираат дека опожарениот објект претставувал долгогодишен ризик по безбедноста на посетителите и често бил користен од несовесни лица за одлагање на отпад.

Преземените активности се насочени кон обезбедување безбедност на сите минувачи и заштита на природата во паркот.

На истата локација наскоро ќе започне изградба на нов објект кој ќе служи за противпожарна заштита, видео мониторинг на видови и поставување на метеоролошка станица. Новиот објект ќе функционира и како модерен шелтер за сите посетители на Националниот парк „Пелистер“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести