back to top
8.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Синот на Лепа Брена повеќе не ја крие својата љубов: Виктор Живојиновиќ позира со новата девојка

Други наслови

Виктор Живојиновиќ, син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, среќата ја најде во љубовта. Неговата нова девојка Александра Гашиќ ги објави нивните заеднички фотографии.

Тие позираа на јахта, а таа на фотографиите ја додаде и песната на Николија „Мирис Медитерана“.

„Прекрасна. Најубава си“, „Затоа го немаме Аке на ТикТок. Знаев дека нешто се случува. Толку си слатка. Уживај“, „О, мој зет, љубов моја. Те сакам“, се некои од коментарите.

Александра Гашиќ на својот Инстаграм профил изјави дека студира меѓународна економија. Работи како шминкерка, а исто така го основа и својот моден бренд.

Двајцата се обидуваат да ја чуваат својата приватност подалеку од очите на јавноста. Тие уживаа во одмор во Тајланд пред неколку месеци.

Виктор Живојиновиќ претходно се забавуваше со водителката Софија Спасојевиќ. Во 2024 година објави нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи. Тие раскинаа минатата година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести