Британскиот крал Чарлс III испрати лична видео порака во чест на својата мајка, покојната кралица Елизабета II, по повод стогодишнината од нејзиното раѓање, во која рече дека неговата мајка веројатно би била вознемирена од моменталната состојба во светот.
Во порака снимена во Балморал, кралот Чарлс нагласил дека неговата мајка била сведок на големи промени во текот на својот живот, но низ сите децении таа останала непоколеблива и посветена на луѓето на кои им служела, објави Би-Би-Си.
Тој, исто така, потсети на оптимизмот на покојната кралица и нејзиното верување дека добрината секогаш ќе „преовладува“.
Во пораката, британскиот крал повика на „подобро утре“ засновано на мир, правда, просперитет и безбедност.
На стогодишнината од раѓањето на најдолгогодишниот монарх во Велика Британија, кралот Чарлс и
кралицата Камила ќе го добијат конечниот дизајн на традиционалната бронзена статуа на кралицата Елизабета Втора.
Queen Elizabeth II returns to central London in stunning new bronze statue.
— Grifty (@TheGriftReport) April 21, 2026
The figure shows the late monarch as a graceful 28-year-old Queen wearing full Order of the Garter robes, inspired by Pietro Annigoni’s famous 1955 portrait.
It has been unveiled in the new Queen… pic.twitter.com/BUMpiBVf4x
Скулптурата, создадена од уметникот Мартин Џенингс, ја прикажува кралицата во нејзините помлади години, во церемонијална облека.
Статуата висока три метри ќе биде поставена на постоље висок 3,4 метри во паркот „Сент Џејмс“ во Лондон, а е инспирирана од портрет на кралицата насликан во 1955 година од Пјетро Анигони.
Споменикот се открива точно сто години по нејзиното раѓање, на 21 април 1926 година, кога тогашната принцеза Елизабета е родена во куќа на улицата Брутон во Мејфер, Лондон.
Претседателот на Комитетот за спомен на кралицата Елизабета, лорд Џанврин, рече дека статуата ја прикажува кралицата во нејзината јавна улога и нагласува силно чувство на должност и посветеност на јавната служба.
Споменикот во паркот „Сент Џејмс“, дизајниран од тим предводен од архитектот Лорд Фостер, вклучува и подоцнежна биста на кралицата, како и бронзена статуа на принцот Филип.
Queen Elizabeth II memorial to feature statue of late monarch from early years of her reign as new details emergehttps://t.co/3mqiDPaMNo
— GB News (@GBNEWS) April 20, 2026
Планирана е и реставрација на мостот во паркот, со стаклена ограда инспирирана од кралската тиара.
Спомениците, лоцирани во парк во центарот на Лондон во близина на Бакингемската палата, се очекува да бидат завршени за околу две години.
Како дел од проектот за спомен, ќе биде лансиран дигитален дел со веб-страница каде што граѓаните ќе можат да испраќаат пораки за сеќавање на покојната кралица.
Веб-страницата „queenelizabeth.com“, порано во сопственост на бродската компанија „Cunard“, е донирана на Меморијалниот центар на кралицата Елизабета II.
