back to top
22.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Случај „Пулс“ во Кочани: Утврдено е дека дозволата од 2012 година, со рок на важење од една година, е издадена на друга адреса

Други наслови

На денешната судска седница за случајот „Пулс“, Обвинителството продолжи со изведување на материјални докази, каде што како доказ беше презентирана лиценца издадена во 2012 година од Министерството за економија.

По изведувањето на доказите, одбраната побара Обвинителството јавно да го прочита делот од лиценцата во кој е наведено за кој објект и за која локација е издадена, како и за кој објект правното лице имало право да врши угостителска дејност врз основа на таа лиценца.

Од прегледот на материјалните докази изведени во судницата, произлегува дека лиценцата е издадена за вршење хотелско-кабаре дејност, во објект на улица „Димитар Влахов“, бб во Кочани, што е на различна локација од улицата „Крижевска“, каде што се наоѓа објектот „Пулс“ и каде што се случи трагичниот настан на 16 март 2025 година.

Во исто време, според одбраната, од самиот документ произлегува и дека лиценцата се однесувала на друго правно лице и дека имала рок на важење од една година.

Одбраната во судницата го постави прашањето како дозвола со ограничен рок на важење, издадена за друга локација и за различно правно лице, може директно да се поврзе со трагедијата што се случи 13 години подоцна, во друг објект и под сосема различни фактички околности.

Адвокатите нагласија дека, согласно Законот за хотелска дејност, лиценците се издаваат за одреден објект, за одредена дејност и за ограничен временски период, додека лиценцата од 2012 година не претставува дозвола правното лице да врши дејност на друга локација, да работи како дискотека наместо кабаре, да прифаќа поголем број посетители од дозволениот, да дозволува присуство на малолетници спротивно на законските ограничувања или да користи пиротехнички средства во објектот на неовластен начин.
Според одбраната, овие околности се клучни за точно утврдување на фактичката состојба и индивидуална одговорност во продолжувањето на постапката.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести