back to top
27.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

СОНК демантира учество во најавениот 1 Мајски протест: „Немаме донесено одлука за поддршка“

Други наслови

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи, во која СОНК се наведува како дел од организациите што го поддржуваат најавениот првомајски протест, Сојузот на синдикати на образованието, науката и културата на РМ (СОНК) испраќа демант.

СОНК информира дека не делува во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и дека нема донесено никаква одлука за учество или поддршка на најавениот протест на 1 Мај.

Поради тоа, ја демантираме објавената информација во делот во кој СОНК е наведен како учесник или поддржувач на настанот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести