back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Судирот е само прашање на време: Научниците предупредуваат на идна закана од вселената

Други наслови

Николај Железнов, виш истражувач во Институтот за применета астрономија при Руската академија на науките, изјави дека во моментов нема астероиди во Сончевиот систем кои претставуваат реална закана за Земјата, но предупреди дека би можеле да се појават такви објекти.

Според него, астероидите имаат ограничен „животен век“ од околу 10 милиони години, во кој можат да паднат на планетата, да завршат на Сонцето или да бидат исфрлени во надворешните делови на Сончевиот систем, објави Риа њуз. 

Затоа, како што изјавил тој, постојаното набљудување на вселената е „неопходно“.

Железнов истакна дека не е можно прецизно да се предвиди кога би можел да се појави потенцијално опасен објект, но дека судирот меѓу Земјата и астероид е неизбежен во одреден момент во иднина – без оглед на тоа дали тоа ќе се случи за 10 или 10.000 години.

Тој нагласи дека постојат методи за спречување на можни катастрофи, првенствено со пренасочување на астероидите од патот на судир. 

Како пример, тој го наведе експериментот од 2022 година, кога вселенско летало го погоди астероидот Диморфос и ја промени неговата орбита.

Научникот заклучил дека е важно реално да се проценат ризиците, со постојано следење на објектите во близина на Земјата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести