Српската фолк ѕвезда Теа Таировиќ ја прослави првата годишнина од бракот со Иван Вардај, а по тој повод објави нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Меѓу нив се и фотографии од свадбата и плажата. Во описот таа навела: „Прва годишнина. Најдобриот опис на бракот е последната слика. Најдобриот опис на љубовта е првата слика.“ Следбениците им честитаа во коментарите.
„Најубавиот пар“, „Вашето име е љубов“, „Среќен и долг живот. Прекрасни сте!“, „Прекрасен пар! Нека Бог ве благослови со сè добро“, „Среќна годишнина. Едноставно прекрасна“, се некои од нив.
Тие се венчаа минатата година на фарма во близина на Нови Сад. Ги поканија своите блиски пријатели и семејство. Таа покани само две колешки од естрадното шоу – пејачките Сања Вучиќ и Барбара Бобак.
Таа носеше венчаница дизајнирана од Бојан Петровиќ. Само за декорациите потроши 30.000 евра. Двојката почна да се забавува во 2023 година. Тој работи како член на нејзиното обезбедување, па затоа ја придружува на секој настап.
Пејачката претходно зборуваше за време на гостувањето во емисијата „Ami G Show“ за тоа како е среќна во љубовта, но не сакаше да открива детали.
„Ќе останам воздржана, но да, имам некого што ми се допаѓа. Колку помалку луѓе знаат дека си среќен, толку подолго ќе бидеш среќен. Јас сум јавна личност, но не сум јавно добро“, рече таа.
