back to top
18.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

Трамп за синоќешниот судир во Хормуз: „Паднаа во океанот многу убаво, како пеперутка што паѓа во гроб“

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека три американски разорувачи „многу успешно“ поминале низ Ормутскиот теснец и покрај нападите од Иран, тврдејќи дека американските бродови не претрпеле никаква штета, додека иранските сили, според него, биле целосно уништени.

Трамп изјави дека иранските сили отвориле оган врз американските разорувачи додека минувале низ една од најважните поморски рути во светот.

„Три врвни американски разорувачи штотуку поминаа низ Ормутскиот теснец многу успешно под оган. Не е нанесена никаква штета на трите разорувачи, но им е нанесена голема штета на иранските напаѓачи“, рече Трамп.

Тој додаде дека тие биле „целосно уништени“, заедно со бројни помали чамци што Иран ги користи како замена за она што тој го нарече своја „целосно обезглавена морнарица“.

„Тие чамци брзо и ефикасно потонаа на дното на морето“, напиша американскиот претседател.

Трамп, исто така, тврди дека иранските ракети испукани кон американските бродови биле „лесно соборени“, додека дроновите биле „изгорени во воздух“.

„Тие паднаа во океанот многу убаво, како пеперутка што паѓа во својот гроб“, рече Трамп.

Потоа, американскиот претседател остро го нападна иранското раководство, велејќи дека „нормална земја“ нема да се обиде да го спречи минувањето на американските воени бродови.

„Но, Иран не е нормална земја. Тие се водени од лудаци и доколку имаа можност да користат нуклеарно оружје, несомнено би го сториле тоа“, рече Трамп.

Тој додаде дека Иран „никогаш нема да добие таква можност“ и се закани со уште посилен американски одговор ако Техеран брзо не се согласи со договорот што го бара Вашингтон.

„Исто како што ги уништивме повторно денес, ќе ги уништиме многу посилно и многу понасилно во иднина ако не го потпишат договорот брзо“, рече Трамп.

На крајот, тој истакна дека американските разорувачи сега повторно ќе се приклучат на американската поморска блокада, која ја опиша како „вистински челичен ѕид“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести