Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормутскиот теснец е „целосно блокиран (затворен)“, додавајќи дека Иран очајно бара повторно отворање на овој витален морски пат.
Според него, Техеран всушност не сака теснецот затворен, бидејќи му обезбедува околу 500 милиони долари приход дневно – од кои голем дел, според Трамп, се губи поради блокадата.
„Тие тврдат дека сакаат да биде затворен бидејќи јас целосно го блокирав, па затоа само се обидуваат да го спасат образот“, рече тој. Трамп исто така додаде дека, според неговите извори, Иран бара итно отворање на теснецот во последните денови. Сепак, тој предупреди дека таков потег би го оневозможил постигнувањето договор со Иран освен ако не се преземат екстремни мерки против земјата и нејзиното раководство.
Во меѓувреме, САД воведоа блокада на иранските пристаништа по неуспехот на мировните преговори претходно овој месец.
Втората рунда преговори беше закажана за вторник во Пакистан, но не се одржа.
Во исто време, прекинот на огнот што се очекуваше да заврши во среда е одложен на неодредено време.
