back to top
5.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Зеленски побара 10 проценти од резервите на системот „Патриот“, следува одговор од Белата куќа

Други наслови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од САД да ѝ продадат на Украина 5 проценти од американските залихи на ракетни системи „Патриот“, велејќи дека таа количина ќе биде клучна за опстанокот на земјата во текот на зимата.

Според него, доколку САД обезбедат 10 проценти од резервите, Украина ќе може да ги запре сите руски балистички ракети.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Зеленски рече дека Украина оваа година има 2,5 пати помалку пресретнувачи отколку што имала во 2025 година, додека Русија, според него, лансира двојно повеќе балистички ракети секој месец отколку порано.

Пристигна и првата реакција од Белата куќа, каде што Каролин Ливит, за време на разговор со новинарите, зборуваше за испраќање оружје во странство и рече дека американскиот претседател Доналд Трамп бил јасен по ова прашање.

„Претседателот беше многу јасен во врска со нашата позиција во врска со муницијата. За жал, трагично, претседателот Џо Бајден даде многу муниција на Украина и други земји низ целиот свет. Претседателот, од првиот ден, беше фокусиран на обнова на нашиот арсенал. Понатаму, спротивно на повеќето медиумски извештаи, Соединетите Американски Држави имаат повеќе од доволно муниција складирана тука дома и низ целиот свет за да извршат која било мисија што ја одобрува врховниот командант“, изјави Ливит.

Таа, исто така, повтори дека Трамп во овој поглед работи многу подобро од Бајден.

„Јасно е дека овој претседател беше многу попретпазлив од неговиот претходник во однос на испраќањето на нашата муниција во странство, во други земји. Тој сака да ја обнови нашата база тука во земјата, а војската работи на тоа. Знам дека секретарот Хегсет го постави тоа како голем приоритет“, рече Ливит. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести