back to top
9.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Тоблероне тужи мал бренд: Тврди дека го копирале обликот на нивното чоколадо

Други наслови

„Монделез Интернешнл“, сопственикот на чоколадото „Тоблероне“, покрена судска постапка против британскиот производител на веганско чоколадо „Кетринс Оригиналс“.

Тие го обвинија за копирање на препознатливиот облик на швајцарско чоколадо и кршење на правата на трговска марка .

Компанијата, објавува „Гардијан“, поднесе тужба во Високиот суд во Лондон, тврдејќи дека британскиот бренд го користи карактеристичниот дизајн на чоколадото „Тоблероне“ без овластување со својот производ „О’бар“.

Чоколадното плочки О’бар, со тежина од 200 грама, е поделено на сегменти со заоблени, полуовални испакнатини, кои потсетуваат на препознатливиот изглед на чоколадото Тоблероне.

Основачката на „Catherine’s Originals“, Кетрин Дод, го започна бизнисот во 2021 година и произведува чоколадо во Волбертон, во англискиот округ Сасекс, и го продава на пазари, преку интернет и преку модели на претплата.

Дод изјавила дека обликот на нејзиното чоколадо ја претставува буквата „О“, како референца за името на брендот „Оригиналс“.

„Цврсто стоиме зад производот и идентитетот што го создадовме. Категорично не се согласуваме со обвинувањата во врска со О’Бар и соработуваме со нашиот правен тим за да ја одбраниме нашата позиција“, изјави таа.

Дод додаде дека тужбата е прилично застрашувачка за мал бизнис во кој таа и нејзиниот тим вложиле многу труд, но дека големината на компанијата не значи дека нема да го бранат она што го создале.

Правниот советник на компанијата, Стивен Лори, рече дека неговиот клиент верува дека О’бар има свој препознатлив дизајн и идентитет и очекува спорот да се реши во соодветна судска постапка.

„Монделез Интернешнл“ изјави дека препознатливиот облик на Тоблероне е еден од најпрепознатливите дизајни на производи во Велика Британија и во светот и е белег на брендот уште од 1929 година.

Компанијата изјави дека сериозно ја сфаќа обврската да ги заштити своите трговски марки и интелектуална сопственост и дека веќе неколку месеци се обидува да постигне договор со „Кетеринс Оригиналс“, но без успех.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести