Втор воз излета од шините во југоисточна Англија за помалку од 24 часа.
Ова го соопшти Британската транспортна полиција, додавајќи дека нејзините полицајци се на пат кон местото на инцидентот во Есекс.
„Реагираме заедно со болничарите и противпожарната служба. Моментално нема пријавени повредени“, се вели во соопштението на Британската транспортна полиција.
Веста доаѓа помалку од 24 часа откако 18 лица беа повредени, вклучувајќи двајца потешко, откако патнички воз излета од шините во близина на Луис во Источен Сасекс, околу 74 километри јужно од Лондон.
Истрагите за причината за железничките несреќи сè уште се во тек, но експертите предупредуваат дека екстремната топлина со која се соочува Англија во моментов може да биде фактор.
