back to top
8.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Николоски: Македонија целосно го снабдува аеродромот во Приштина со керозин

Други наслови

Ние сме единствената земја која, во време на глобална криза во воздухопловството, отвора нови воздушни дестинации. Пет нови линии ќе бидат отворени во наредните недели, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Аустријан ерлајнс ќе воведе редовни летови од Виена до Охрид, што ќе биде многу важно за поврзување на летовите преку Виена. Додека „Виз ер“ ќе воведе летови од Полска, имено од Вроцлав и Краков до Охрид, што позитивно ќе влијае на развојот на туризмот и ќе донесе полски туристи.“

„Од Скопје ќе имаме две одлични летни дестинации, кои ќе продолжат и по летната сезона. Едната е Палермо на Сицилија, додека другата е Алгеро на Сардинија. Со тоа, ние сме единствената земја што отвора нови воздушни рути“, изјави Николоски.

Тој додаде дека земјата моментално целосно го снабдува аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш со керозин, нагласувајќи дека благодарение на добрата организација во Скопско, работењето на овие два аеродрома е поддржано и од локалната инфраструктура и капацитети.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести