Полицијата објави дека пет тинејџери се здобиле со сериозни повреди откако биле избодени на забава за Ноќта на вештерките.
Полицајците биле повикани на Парк Роуд во Чендлерс Форд, во близина на Истли, кратко по 22:30 часот во саботата, објавија британските медиуми, според Телеграф.
Повредените тинејџери – три момчиња на возраст од 16 години и две на возраст од 17 години – се однесени во болница.
Полицијата во Хемпшир, Англија, соопшти дека се сомнева оти непозната група упаднала на забава на адреса на Парк Роуд пред да се случат нападите со нож.
Полицијата апелираше до сведоците и до сите што имаат информации да се јават и да дадат исказ.
Во неделата, областа остана опколена од полиција додека полицајците продолжуваат со истрагите.
Главниот истражен инспектор, Елизабет Пири, го призна влијанието што инцидентот го имаше врз локалните жители и ѝ се заблагодари на заедницата за нивното трпение.
Претходно, очевидец за Би-Би-Си изјави дека на местото на настанот пристигнале амбулантни возила и медицински хеликоптер.
Друг сведок рекол дека видел некој како истрчува од куќата каде што се одржувала забавата, врескајќи дека е избоден и дека го бркаат две лица.
