back to top
9.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Трагедија во Шпанија, почина научник кој ги проучуваше причините за неуспешна бременост

Други наслови

Професорката на Универзитетот Кембриџ, д-р Марта Шахбази, е меѓу 69-те лица кои ги загубија животите во трагичниот судир на два брзи возови во Шпанија.

41-годишната жена патувала кон градот Хуелва, каде што требало да прими награда за научна извонредност, кога се случила несреќата во близина на градот Урда.

Шахбази беше реномиран научник во областа на клеточната биологија и водеше истражувачка група во Лабораторијата за молекуларна биологија на MRC.

Нејзиното истражување се фокусираше на развојот на човечкиот ембрион и причините за неуспешна бременост.

Нејзината смрт ја потврди шпански истражувачки институт, додека колегите ја опишаа како талентиран и инспиративен научник.

Несреќата се случила кога воз од државната компанија „Ренфе“ се судрил одзади со воз од компанијата „Ирјо“.

Шпанските власти ги истражуваат причините, а првичните сомневања се поврзани со проблем во компјутерската комуникација и човечка грешка. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести