Вистинската причина зошто ДУИ го напушти Никола Груевски во 2017 година не биле „визионерските“ потпретседатели на партијата, туку ултиматумот на Зијадин Села. Села прераскажува дека на средба со Али Ахмети, само неколку часа пред клучниот состанок во Мала Речица, му порачал: „Ако коалицираш со ВМРО, ќе те победам на локалните избори од Липково до Струга заедно со СДСМ“. Ова сведоштво ги руши ПР митовите на ДУИ за „внатрешниот отпор“ против Груевски.
-Јас имам средба со господинот Ахмети, седнавме, ми вели сакам да ти соопштам која е мојата одлука во врска со тоа што треба да одлучам, со кого би коалиционирале, бидејќи овој период сме комуницирале и односот бил коректен и коректно сакам да ви ги искажам кои се моите ставови и што имам одлучено. Јас го слушам, вели јас имам одлучено да одам во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Јас не го успорувам тоа бидејќи не сакам да го рушам принципот на победник со победник. Тоа беше изговорот негов. Ако не одам во коалиција со него, принципот победник со победник ќе биде нарушен. Ама еве, ти давам понуда и тебе. Вели и ти да дојдеш заедно со мене да одиме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Од кога заврши, јас му се заблагодарив што беше отворен кон мене, а истиот ден мислам дека требаше да има централно претседателство на ДУИ во Мала Речица.
-Јас му реков дека нема да бидам дел од таа коалиција и му препорачав и тој да не биде, бидејќи тоа ќе не направи пречка за НАТО и договорот со Грција. Реков: го почитувам твојот став бидејќи твојот став е твој став а за моите чекори јас ќе земам сам ставови ќе одлучувам сам и јас нема да бидам дел од таа коалиција и мислам дека ако сакаш мое мислење мојот предлог би бил и ти да не бидеш дел од тоа коалиција, бидејќи ние имавме толку многу проблеми и сите тие прислушкувања…. Јас не би сакал да те гледам во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во ваква ситуација кога нема никаква перспектива за договор со Грција, а од друга страна ние треба да бидеме што побргу дел од НАТО, бидејќи тоа се нашите стратешки цел зацртани и во собрание по сите етнички заедници преку нивните претставници. Така ли е? Нели реков не би сакал преку тебе нашите пријатели од меѓународ фактор да не гледаат нас како Албанци како пречка за да се случи промената и да има договор со Грција незнаејќи тогаш кој ќе биде договорот нели и ние да бидеме надвор од НАТО. Па му реков дека јас дел од таа коалиција нема да бидам, па ти препорачувам ни ти немој да бидеш ама ти сам си одлучуваш јас не можам да ти се мешам.
-Му реков и една друга работа, а тоа е дека многу бргу ќе имаме локални избори. Му велем ќе направам коалиција со СДСМ и ќе те победам од Липково па се до Струга. Значи ова е неколку часа пред централното претседателство на ДУИ.
-И одеднаш на централното претседателство на ДУИ се појавуваат според пишувањата на медиумите трите потпретседатели тогаш Изет Меџити и Невзат Бејта како хероите кои не го дозволија ама тоа е лага, тоа е пиар на ДУИ.
Целата емисија погледнете ја на следниот линк:
