back to top
13.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Студен туш за Макрон

Други наслови

Деминирањето на Ормутскиот теснец е единствена одговорност на Иран и земјата нема да дозволи никој друг да се придружи во напорите, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Касем Гарибабади.

Гарибабади , по повод изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе соработува со Оман во деминирањето на Ормутскиот теснец , рече дека Иранците „фундаментално не дозволуваат ништо такво“, објави Ал Џезира.

„Ситуацијата е чувствителна и комплексна. Силно ѝ препорачуваме на Франција да не ја комплицира дополнително со своите провокации “, рече Гарибабади.

Претходно Макрон, по состанокот со оманскиот султан Хаитам бин Тарик Ал во Елисејската палата, изјави дека Франција и Оман ќе соработуваат за деескалација на тензиите на Блискиот Исток , наведувајќи дека ќе соработуваат со партнерите за чистење на мините од Ормутскиот теснец.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести