back to top
12.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Други наслови

Македонската јавност денеска ја потресе веста за ненадејната смрт на градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Информацијата беше потврдена во текот на денот, а причините за неговата смрт засега не се соопштени.
Илиевски беше долгогодишно присутен во локалната политика и важеше за еден од најпрепознатливите општински функционери во Полошкиот Регион. Роден е на 3 мај 1968 година во Тетово, а на чело на Општина Брвеница беше од 2021 година, откако ја доби довербата на граѓаните, која подоцна ја потврди и на следните локални избори. Претходно беше член на Советот на Општина Брвеница во периодот од 2013 до 2017 година.


Од Илиевски преку социјалните мрежи се простија бројни политичари, соработници и граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски го опиша како работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на граѓаните и развојот на општината што ја водеше.


Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции и изрази на сочувство од јавноста, додека Општина Брвеница останува без својот прв човек во момент кога се реализираа повеќе локални проекти и активности.
Повеќе информации за причините за смртта и деталите околу погребот се очекуваат во текот на наредните часови.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести