Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, ја фали Албанија за напредокот во инфраструктурата на земјата. Тој смета дека нашиот западен сосед имал голем економски развој во последните години, а од друга страна, има забелешка за Бугарија во однос на нејзината инфраструктура и поврзаност со Македонија.
„Неколку пати патував по автопатот Блаце-Приштина-Тирана, но другиот ден отидов специјално да патувам по автопатот Тирана-Ќафасан, кој се одвива со невидена брзина, и автопатот Тирана-Дебар, кој ме импресионираше особено со живописниот пејзаж низ кој минува, но и со бројните тунели и мостови.
Економскиот развој на Албанија е невиден во последните десет години.
„Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема изградено никакви инфраструктурни проекти кон Македонија“, се вели во објавата на Георгиевски на социјалните мрежи.
