back to top
12.8 C
Skopje
сабота, 10 октомври , 2026

ВМРО-ДПМНЕ избра нов портпарол и нови претседатели на општински комитети

Други наслови

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница донесе повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, а за нов портпарол е избран Валентин Манасиевски.

Од партијата велат дека дел од избраните се нови лица кои треба да внесат „свежина“, а дел се актуелни претседатели кои, според ВМРО-ДПМНЕ, оствариле големи победи на претходните избори и резултати во локалните самоуправи.

Во рамки на кадровските промени, избрани се и нови претседатели на општинските комитети во повеќе општини низ државата.

Меѓу нив се Тони Јаревски за Карпош, Иван Живковски за Кисела Вода, Дејан Митески за Аеродром, Сергеј Попов за Центар, Ѓоко Велковски за Чаир, Дарко Костовски за Бутел, Бојан Стојаноски за Ѓорче Петров, Душко Иванов за Штип, Александар Велјановски за Тетово и Мартин Андоновски за Гостивар.

„ВМРО-ДПМНЕ со овие кадровски решенија ја гради иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво“, соопшти партијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести