back to top
25.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Алкохолот е најмалиот проблем: Овие пет работи го уништуваат црниот дроб, а ние ги консумираме секој ден

Други наслови

Ако сакате вашиот црн дроб да биде здрав покрај квалитетната исхрана и редовна хидратација, многу е важно да внимавате што внесувате во вашето тело. Некои додатоци во исхраната можат да бидат штетни, како и состојките во индустриски произведената храна.

Веројатно веќе знаете дека честото или прекумерното консумирање алкохол сериозно го оштетува црниот дроб .

Но, оваа конкретна навика не е единствената што може да го саботира функционирањето на овој скапоцен орган.

Црниот дроб е одговорен за повеќе од 500 телесни функции, вклучувајќи складирање на гликоза, регулирање на згрутчувањето на крвта и друго, но неговата главна задача е да ја „филтрира“ крвта.

Поточно, црниот дроб ја обработува крвта од дигестивниот систем и ја ослободува од штетни супстанции како што се алкохол, дрога и други токсини. Тој е во суштина природен систем за детоксикација на нашето тело.

Овој витален орган, исто така, произведува холестерол кога на телото му е потребен и ги регулира неговите нивоа во телото, учествува во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите.

Иако ниедна храна сама по себе нема да ја подобри функцијата на црниот дроб, генерално балансираната исхрана сигурно нема да му наштети.

Консумирате многу шеќер.

Премногу шеќер не е само лош за забите, туку може да го оштети и црниот дроб. Овој орган користи еден вид шеќер наречен фруктоза за да создава масти. Премногу преработен шеќер предизвикува акумулација на масти, што може да доведе до заболување на црниот дроб.

Некои истражувања покажуваат дека шеќерот може да биде подеднакво штетен за црниот дроб како и алкохолот, дури и ако немате прекумерна тежина. Тоа е уште една причина да ја ограничите храната со додаден шеќер.

Алкохолот е најмалиот проблем: Овие пет работи го уништуваат црниот дроб, а ние ги консумираме секој ден

Прекумерната тежина е лоша за црниот дроб

Вишокот маснотии може да се насоберат во клетките на црниот дроб и да доведат до замастен црн дроб. Како резултат на тоа, црниот дроб може да отече и на крајот да доведе до цироза на црниот дроб. Замастениот црн дроб е почест кај дебели луѓе, луѓе на средна возраст или пациенти со дијабетес.

Добивате премногу витамин А од додатоци во исхраната. 

На нашите тела им е потребен витамин А, но според експертите, јадењето свежо овошје и зеленчук (особено црвено, портокалово и жолто) е најдобриот начин да го добиете. Ако земате додатоци во исхраната кои содржат високи дози на витамин А, тоа може да предизвика проблеми со црниот дроб. Пред да земете дополнителни витамини, консултирајте се со вашиот лекар.

Алкохолот е најмалиот проблем: Овие пет работи го уништуваат црниот дроб, а ние ги консумираме секој ден

Парацетамолот може да го оштети црниот дроб

Имате главоболка или настинка и барате лек против болки. Но, ако земете премногу од кој било лек против болки што содржи парацетамол, несвесно можете да го оштетите црниот дроб, според „Србија тудеј“. Затоа внимателно следете ги упатствата за дозирање, тие се таму со причина.

Консумирате многу транс масти

Транс мастите се незаситени масни киселини, кои содржат барем една двојна врска во транс формата. Постојат транс масти кои „природно“ се јавуваат во некои видови храна и оние кои се „индустриски произведени“.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува внесувањето на транс масти да биде помало од 1% од вкупниот дневен внес на калории. Исхраната богата со транс масти го зголемува нивото на „лош“ холестерол и ризикот од коронарна срцева болест.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести