back to top
18.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

Позната пејачка ПРИКЛУЧЕНА НА РЕСПИРАТОР, е во ИНДУЦИРАНА КОМА: Состојбата се влошува по операција на цревата

Други наслови

Познатата пејачка е во индуцирана кома откако денес ѝ се влоши здравјето. Таа беше префрлена на одделението за интензивна нега и е поврзана на респиратор. Бони Тајлер беше подложена на операција на цревата, по што ситуацијата се комплицираше.

Легендарната велшка пејачка беше подложена на итна операција на цревата во Алгарве, Португалија, откако итно беше префрлена во болница во Фаро кон крајот на минатиот месец поради перфорирано црево.

Локалните медиуми денес објавија дека нејзината состојба се влошила во последните неколку часа, иако вчера беше стабилна. Угледниот португалски дневен весник „Кореио да Мања“ пишува дека Бони Тајлер е „во несвест“ и дише со помош на респиратор.

„Бони Тајлер е во индуцирана кома откако помина неколку дена во болница во Фаро, по операција на цревата“, се вели во него.

Лекарите што ја лекуваат признаа дека не биле во можност да предвидат како ќе се одвиваат работите во наредните часови. Бони наводно била итно префрлена во болница на 30 април.

„Со жалење објавуваме дека Бони е примена во болница во Фаро, Португалија, каде што живее, за итна операција на цревата. Операцијата поминала добро и таа сега се опоравува.

Знаеме дека целото нејзино семејство, пријатели и обожаватели ќе бидат загрижени за оваа вест и ќе ѝ посакаат брзо и целосно закрепнување“, рече нејзиниот публицист.

Познатата пејачка е најпозната по нејзината песна од 1983 година „Total Eclipse Of The Heart“, но и по нејзините песни „It’s A Heartache“ и „Hoding Out For A Hero“.

Бони се натпреваруваше на Евровизија како претставник на Велика Британија во 2013 година, освојувајќи го 19-тото место со песната „Believe In Me“.

Легендата на 80-тите призна претходно оваа година дека редовно прима инјекции со ботокс, но инсистираше: „Во прилично добра форма сум за моите години, фала му на Бога. И никогаш нема да се пензионирам. Го гледам Том Џонс. Тој е неверојатен. Неговиот глас е силен како и секогаш – а е десет години постар од мене.“

Во интервју за „Мирор“ минатата година, таа рече: „Почнав да пеам кога имав 17 години и никогаш не помислив дека сè уште ќе го правам тоа на оваа возраст. Малку забавив, но сега знам дека никогаш нема да се пензионирам.“

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести