Вчера, во 07:15 часот, во Полициската управа Кичево е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С. (60) од село Другово, удрило во 10-годишен малолетник од Кичево.
Во несреќата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Управата за внатрешни работи Кичево.
