“ФРАНЦИЈА ГОРИ!“ – Емануел Макрон ги потцени гневните демонстранти, ваков револт не е виден 20 години

1. мај во Франција беше одбележан со масовни демонстрации, кои според многумина се историски. Околу милион луѓе излегоа на улиците на многу градови, бројка што не е забележана од 2002 година.

За време на тие демонстрации беа приведени околу 300 луѓе, а беа повредени околу 100 полицајци, но она што сега им стана јасно на сите е дека Французите нема да се откажат.

Протестите за пензиската реформа започнаа пред неколку недели и за истите не се очекува намалување на интензитетот на демонстрациите, што може да доведе до сериозни проблеми за Емануел Макрон, или како што го гледаат Французите – „претседателот на богатите“.

Иако претходно беа најавени, првомајските протести во Франција ги изненадија локалните Власти, а сцените од улиците на таа земја практично го обиколија светот.

Париз, протести
Париз, Франција

Синдикатите велат дека имало околу 2,3 милиони луѓе на улиците, додека проценката на Министерството за внатрешни работи на Франција е поблиску до 800.000. Оние кои беа сведоци на демонстрациите велат дека бројката е поблиску до еден милион.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата се забележани и на претходните протести, но се чини дека најжестоките беа минатиот викенд. Податоците на МВР на Франција укажуваат дека се приведени околу 300 лица, а повредени се најмалку 108 полицајци.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Дарманин, изјави дека однесувањето на огромното мнозинство демонстранти било мирно и без насилство, но дека француската полиција се соочила со помала група екстремни насилници кои излегле на улиците само со цел да создадат конфликт и повреди на припадниците на полицијата, киднапирање и крадење, поради што полицијата ја принудила да употреби солзавец и водени топови.

Жерар Дарманин потврди дека во Париз се уапсени повеќе од 60 лица, а еден полицаец е тешко повреден кога врз него бил фрлен молотов коктел.

Ова се најголемите демонстрации во Франција од 2002 година, па затоа сега има сериозни индиции дека претседателот Емануел Макрон може да се откаже од контроверзната пензиска реформа, која вклучува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.