Првиот Форум за енергетска дипломатија обедини амбасадори, претставници на дипломатски мисии, министри, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации, челници на домашни и странски компании, финансиски институции и експерти од регионот и пошироко, извести Министерството за енергетика.
Меѓу учесниците беа претставници на Европската комисија, Обединетите нации, УНДП, УНЕЦЕ, Светската банка, ЕБОР, Меѓународната агенција за енергетика, ENTSO-E, дипломатскиот кор и водечките енергетски компании и институции.
Преку дискусиите за женското лидерство во енергетиката, енергетската безбедност, обновливите извори и зеленото финансирање, форумот отвори простор за размена на искуства, нови перспективи и поврзување на различни чинители.

Посебно значење има Скопската декларација за жените во енергетската дипломатија, со која се испраќа порака за посилно женско лидерство, поголема вклученост во процесите на одлучување и зајакнување на соработката меѓу жените во енергетскиот сектор на национално, регионално и меѓународно ниво.
Организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на ОН, УНДП и УНЕЦЕ, форумот покажа дека енергетските предизвици бараат заеднички пристап, доверба и посилна регионална и меѓународна соработка.
Вистинската вредност на ваквите средби е во поврзувањето на луѓето, институциите и идеите. Затоа што енергетската иднина не се гради изолирано, туку преку дијалог, партнерства и заедничка одговорност, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
