back to top
4.8 C
Skopje
четврток, 26 ноември , 2026

Општина Ѓорче Петров исплати 44 јубилејни награди за вработените во училиштата и градинката

Други наслови

Општина Ѓорче Петров исплати 44 јубилејни награди во вкупен износ од 2.455.210 денари за вработените во општинските основни училишта и детската градинка, со што им оддава признание на нивниот долгогодишен труд, посветеност и придонес во образованието, воспитувањето и згрижувањето на најмладите.

Од вкупниот број исплатени награди, 26 се наменети за вработени во детската градинка, во вкупен износ од 1.493.555 денари, додека 18 награди се исплатени за вработени во основните училишта, во вкупен износ од 961.655 денари, извести Општина Ѓорче Петров.

„Јубилејните награди претставуваат признание за годините поминати во работа, одговорноста и посветеноста на сите оние кои имаат важна улога во растењето, развојот и образованието на децата.

Општина Ѓорче Петров им ги честита работните јубилеи на сите добитници, изразувајќи благодарност за нивниот придонес и професионален ангажман. Грижата за децата и квалитетното образование се градат токму преку трудот и посветеноста на наставниците, воспитувачите, негувателите и сите вработени во образовните и воспитните установи.

Општината и во наредниот период ќе продолжи да вложува во унапредување на условите за работа и поддршка на вработените во училиштата и градинката“, се додава во соопштението.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести