Легендарниот американски тенисер Андре Агаси упати низа пофалби за Новак Ѓоковиќ, освојувач на 10 титули на Австралија Опен.
Агаси, кој победи четири пати во Мелбурн, во интервју за „Code sports“ го спореди резултатот на Новак со оној што го постигна Рафаел Надал на Ролан Гарос.
Славниот Агаси во кариерата освои осум грен слем титули, најмногу на Ози Опен.
„Новак има освоено повеќе титули на Австралија опен отколку што јас имам вкупно опсвоени гренд слем титули во целата моја кариера, за недај Боже… Што да правам освен да се смеам? Не знам што да кажам на тоа. Рекордот на Новак е монументален. исто како 14-те титули на Надал на Ролан Гарос Тоа се сосема различни бројки, да зборуваш за Ноле во Австралија е како да зборуваш за Рафа во Париз, нели?“, рече Агаси.
Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на Грен слемови (24) и Мастерс титули (40), по бројот на недели на прво место (407)…
„Има многу начини на кои можеме да гледаме. Не можеме да го оспориме сето она што тој успеа да направи. Колку турнири тој освои, меѓусебни дуели, мајстори, колку години заврши на првото место, сите тие статистички параметри …“, рече Агаси.
Ѓоковиќ во недела од 09 часот успепешно го почна походот на 11. Австралија опен, кога противник ќе му беше младиот Дино Прижмиќ, кого го победи со 3 спрема 1 во сетови.