Агелер: Партнерството меѓу Македонија и САД е водено од принципите што ги споделуваме

Американската амбасада во Скопје синоќа ја одбележа 247-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави. Американската амбасадорка во Северна Македонија, Ангела Агелер, во својот говор зборуваше за основачите на САД, за демократијата, за принципите, но и за партнерството со нашата земја.

„Чест ми е што служам како американски амбасадор во Македонија. Кога основачите на Соединетите Држави го создадоа Уставот, тие пишуваа за потрагата по совршена заедница, не за нешто што е конечно, туку за постојана потрага по нешто што верувам дека и самите знаеле дека не постои. Идеален сојуз не постои, но важно е потрагата, потрагата секој од нас да биде подобар, демократијата да биде подобра, што е постојана тешка задача. Такво е нашето заедништво, пријателството меѓу САД и Северна Македонија“, рече Агелер.

Таа рече дека напорите да бидеме подобри продолжуваат и денес, кога се соочуваме со стари и нови предизвици.

„Исто е и со нашиот сојуз, пријателство и сојуз меѓу САД и Северна Македонија. Никогаш нема да постигнеме неостварлива, совршена заедница. Но, принципите што ги споделуваме, предизвиците со кои се соочуваме, не сами, туку заедно ќе го придвижат нашиот сојуз напред, во цврст стремеж кон напредок, просперитет и безбедност.

САД се подобри, посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници. Имаме партнери. Затоа што имаме пријатели, пријатели како тебе, како државата Северна Македонија“, рече амбасадорот Агелер.