Спротивно на популарното мислење, користењето електронски цигари не е безбедна алтернатива за пушењето. Електричните и класичните цигари се подеднакво штетни за здравјето, особено за срцето и белите дробови. Според новото истражување, е-цигарите со вкус на бобинки можат да предизвикаат повеќе оштетување на белите дробови од другите вкусови.
Истражувањето покажа дека глувците изложени на е-цигари со вкус на бобинки претрпеле поголемо оштетување на белите дробови во споредба со оние кои биле изложени на цигари без вкус.
,,Xемиските соединенија како бензалдехид или цинамалдехид можат да бидат цитотоксични, што значи дека ги оштетуваат или убиваат клетките. Вдишувањето на овие хемикалии предизвикува воспаление на дишните патишта и долгорочно може да го оштети ткивото на белите дробови”, предупредува пулмологот др. Чарлс Шие за Парада.
Престанувањето на употребата на електронските цигари, дури и по долгогодишно користење, носи бројни здравствени придобивки
Одредени хемиски соединенија предизвикуваат оксидативен стрес, што доведува до нерамнотежа помеѓу слободните радикали и антиоксидансите во телото.
„Оксидативниот стрес може да ги оштети клетките, да го зголеми ризикот од белодробни заболувања и да ја наруши нормалната функција на клетките“, вели др. Шие.
Исто така, овие хемикалии можат да предизвикаат оштетување на ДНК, што го зголемува ризикот од рак.
Престанувањето на употребата на електронските цигари, дури и по долгогодишно користење, носи бројни здравствени придобивки.
,,Вкусот ја запира изложеноста на штетни хемикалии и им овозможува на белите дробови да почнат да се опоравуваат“, вели др. Шије.
Тој нагласува дека телото има неверојатна способност да се регенерира, а поранешните зависници често забележуваат подобрување на функцијата на белите дробови.
Иако долгорочните последици од користењето на електронските цигари сè уште не се целосно познати, јасно е дека тие можат сериозно да му наштетат на здравјето. Ако размислувате да престанете, разговарајте со вашиот лекар кој може да ви ја даде потребната поддршка.