Тренерот на Манчестер Јунајтед,
Рубен Аморим, денеска изјави дека на фудбалскиот клуб му е подобро Маркус Рашфорд, кој навести дека би можел да го напушти „Олд Трафорд“ во вторникот изјави дека е подготвен за нов предизвик и нови чекори во кариерата, два дена подоцна изоставен од составот за градското дерби против актуелниот шампион Сити.
Последен пат Рашфорд беше стартер на 1 декември на натпреварот против Евертон (4:0) во Премиер лигата, на кој постигна два гола.
Аморим посочи дека клубот сака 27-годишниот напаѓач да остане и рече дека не сака да зборува за иднината туку за сегашноста.
„На ваков клуб му треба голем талент, а тој е голем талент, па едноставно мора да игра на највисоко ниво и тоа е мојот фокус. Само сакам да му помогнам на Маркус“, изјави Аморим, а пренесе Би-Би-Си.
Тој беше прашан за желбата на Рашфорд за „нов предизвик“.
„Мислам дека тоа е во ред. Пред нас е нов предизвик, тешко е. За мене тоа е најголемиот предизвик во фудбалот бидејќи сме во тешка ситуација и веќе кажав дека ова е еден од најдобрите клубови. Навистина се надевам дека сите мои играчи се подготвени за овој нов предизвик“, изјави Аморим.
Португалскиот тренер додаде дека клубот ќе се обиде со „различни работи“ за да му помогне на Рашфорд да се врати на најдоброто ниво што го покажал во минатото.
Од своето деби за Манчестер Јунајтед во 2016 година, Рашфорд одигра 426 натпревари и постигна 138 голови.
Тој ја имаше својата најдобра сезона во 2022/2023 година кога постигна 30 гола на 56 натпревари во сите натпреварувања и потоа доби нов петгодишен договор.
Сепак, во последните 18 месеци тој постигна 15 гола на 67 натпревари.