АНОНИМЕН ХРВАТ ПРИСТИГНА ДА ГО СМИРИ РОНАЛДО: Ги предводеше нисколигашите од Загреб, сега гасне пожар пред трансферот од 100.000.000 евра!

Хрватскиот селектор Динко Јеличиќ, непознат за пошироката јавност, ќе го преземе Ал Наср, но само привремено. Планот е наскоро да пристигне Специјалниот тренер од 100.000.000 евра.

Ал Наср го замени Руди Гарсија откако францускиот тренер се судри со некои играчи во соблекувалната, а сега на негово место е поставен анонимен Хрват . Тоа е Динко Јеличиќ , 49-годишниот кој ќе го преземе тимот до именување на нов прв тренер. 

Јеличиќ ќе го предводи тимот во полуфиналето на Купот против Ал Вахда, а потоа и против Ал Хилал во 25. коло од шампионатот. Досега ги водеше јуниорите на Ал Наср, кои исто како и првиот тим се втори на табелата во својата лига. Досега во кариерата ги раководел Кустошија, Рудеш и Радник Сесвете, односно нисколигашки клубови од Загреб , како и Новиград, Фулад Јазд и во Иран и У19 и У20 селекциите на Хрватска.

Тој ќе биде привремено решение бидејќи Ал Наср сака да има имиња и на клупата како и на теренот. Откако го доведоа Кристијано Роналдо, сега сакаат некој со кого претходно соработувал, а изборот падна на Жозе Мурињо. Тренерот на Рома е под договор, но сега саудискиот клуб му нуди неверојатни 100.000.000 евра за двегодишен договор. 

Мадридски „Ас“ пишува дека на тој начин би станал најплатениот тренер во историјата на фудбалот, бидејќи Диего Симеоне моментално го има најголемиот договор со Атлетико и тој изнесува 34.000.000 евра по сезона. Проблем за Ал Наср е што „Посебни“ има договор со Рома, но и големи планови. По освојувањето на Конференциската лига сака да ја освои и Лигата на Европа.