Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, ги откажа сите настапи до понатамошно известување, поради лоша здравствена состојба, објавија на Фејсбук групата на бендот.
– Поради нарушено здравје, лекарите му забранија да патува и да се напрега поради тешко воспаление на белите дробови како и влошување со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако како и секогаш ќе ја победиме болеста и штом Бора оздрави ќе се видиме на нови собири – објавија на социјалната мрежа.