ВИДЕО | “Армијата на Србија се подготвува за војна или кошаркарски натпревар !?“ – Шокантни сцени во Белград: Вака изгледаат подготовките за дуелот меѓу Партизан – Реал Мадрид!

0

На Интернет со голема брзина се шират неверојатни сцени снимени од Белград, Србија, на неколку часа пред почетокот на кошаркарскиот натпревар од Евролигата помеѓу ПартизанРеал Мадрид.

Новинарот на шпанската телевизија El Chiringuito ја снимил подготовката на српската полиција и Армија за третиот натпревар од четврт-финалето на Евролигата, во кој „црно-белите“ ќе имаат можност да го обезбедат завршниот турнир во Каунас.

Поради се што се случуваше во Мадрид на крајот од вториот натпревар во серија и после тоа, властите во Србија стравуваат за безбедноста на кошаркарите на Реал Мадрид, поради што биле ангажирани огромен број полицајци и безбедносни лица.

На видеото кое споменатата телевизија го објави на социјалните мрежи, каде за еден час е прегледано повеќе од 30.000 пати, може да се види како полицијата и Армијата на соседна Србија се подготвува за натпреварот.

Армијата на Србија се подготвува за ‘војна’. Вака се подготвуваат за кошаркарски натпревар. На нешто повеќе од три часа до почетокот на натпреварот Партизан Реал Мадрид“, се наведува во објавата на видео-снимка, која е објавена повеќе од три часа пред почетокот на натпреварот, а за кој арената во Белград е целосно распродадена.