ВИДЕО! Камерата во возилото го сними драматичниот момент на уривање згради во турски град

Два силни земјотреси што се случија во понеделникот ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, а досега однесоа повеќе од 5.000 животи.

На социјалните мрежи се споделуваат застрашувачки видеа кои сведочат колку разорни биле земјотресите.

Во Турција се урнати речиси 6.000 згради, некои населени места се срамнети со земја, а илјадници луѓе се во агонија бидејќи веќе немаат покрив над главата.

Снимките од камерите го забележаа моментот кога се уриваа згради во градот Кахраманмарас во Турција, кој се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот.