ВИДЕО | Кристијано Роналдо постигна маестрален гол, но неговиот слободен удар го привлече вниманието на сите: Португалецот го ‘нокаутираше’ камерманот !?

0

Ал-Наср ја продолжи победничката серија во првенството на лигата со победата од 3:1 над Ал-Раед. Серијата победи сега стигна до број четири, а на овој натпревар стрелец повторно беше најголемата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо.

Поранешниот фудбачер на Баерн Минхен и Ливерпул, Садио Мане, ги доведе гостите во водство со гол во судиското надополнување во првото полувреме. Сенегалецот со одличен удар од петнаесетина метри го збуни противничкиот голман и ја обезбеди предноста на својот клуб на полувремето.

На почетокот на вториот дел Андерсон Талиска постигна уште поимпресивен гол. Бразилецот ја прими топката надвор од шеснаесетникот и со силен удар од левата нога ја сруши мрежата на голманот на Ал-Реад. Дека тоа беше ден на големи голови потврди и Кристијано Роналдо, кој мајсторски се ослободи од својот чувар на десет минути пред крајот на натпреварот и ја потврди победата на Ал-Наср за предност од 3:0.

Голот на Кристијано Роналдо можете да го погледнете ТУКА.

Кристијано Роналдо имаше уште една незгодна ситуација, која се случи во 64. минута од натпреварот. Португалецот имаше шанса да постигне гол од слободен удар, но неговиот обид наместо во голот заврши на главата на видеографот. Видеото од таа ситуација можете да го погледнете ТУКА.

Ал-Наср сега е петти во саудиската лига, со четири бода помалку од лидерот Ал-Хилал.