Нивото на Дојранското Езеро е за два сантиметра пониско од вчера, а на Преспанското за еден сантиметар, додека нивото на Охридското Езеро не бележи промени, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Дојранското и Преспанското Езеро се под августовскиот просек, а Охридското Езеро е нешто над просекот за август, информира УХМР.
Според мерењата, водостојот на реките не покажуваат поголеми отстапки во однос на вчерашниот ден.