До крајот на денешниот петок во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено време со умерен ветер повремено засилен од северен правец и најизразен ќе биде околу Вардар. Во југозападните предели ќе има врнежи од дожд, додека во планинските предели, потоа во вечерните и ноќните часови кон утре во сабота и во некои повисоки населени места ќе има повремен снег. Можно е снежната линија да падне и под 1000 метри надморска височина.
Утре (сабота) рано наутро ќе има повремени врнежи од дожд и снег во југозападните предели, додека во текот на денот, како и во недела ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, со мала локална појава на облачност. Во недела претпладне по долините на реките ќе има појава на магла и ниска облачност која на места ќе биде многу густа.
Во скопскиот регион до крајот на денот ќе имаме претежно облачно време со услови за локален слаб дожд и повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.
Што се однесува до температурите, претпладне ќе биде многу постудено поради опаѓање на минималните температури кои ќе се движат во интервал од -6 до 2 степени, додека на високите и планинските места може да бидат пониски. Максималните дневни температури повторно ќе бидат во пораст во интервалот од 6 до 12 и од 13 степени.
Во Скопје претпладне температурата ќе се спушти во интервал од -3 до 1 степен, додека максималната дневна ќе достигне околу 12 степени.