Гвардиола брутален: ,,Трошиме затоа што имаме многу пари”

Манчестер Сити потроши повеќе од 200.000.000 евра на засилувања во јануарскиот преоден рок, а целата ситуација ја прокоментира тренерот Пеп Гвардиола.

Манчестер е во резултатска криза, тоа се обидуваат да го надополнат со трансфери, а Шпанецот објасни дека во тоа нема ништо спорно.

– Во последните пет години по потрошени пари сме последни од првите шест екипи во Премиер лигата. Дури и по јануарскиот преоден рок, далеку сме од Челзи, Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, па дури и Ливерпул затоа што продававме многу во претходните сезони“, рече Гвардиола, а потоа „направи поен“.

profimedia-0956689018.jpg

– На крајот на краиштата, секој клуб може да троши колку што има, а ние трошиме затоа што имаме пари. Во последните три години, во однос на само трошењето, бевме далеку од најдобрите шест екипи во Англија, а го освоивме тоа што го освоивме, заклучи Гвардиола.

Сето ова би било прекрасно доколку нема финансиски фер-плеј и ако Сити не бил постојано во неволја за трошење пари што не ги заработувал, па дури и се заканувал дека ќе му бидат одземени 40 поени.

Сити се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата со 41 бод, додека за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите ќе мора да се соочи со европскиот шампион Реал Мадрид.