Голема тага во семејството Кардашјанови – почина мајката на една од најконтраверзните ријалити-ѕвезди на шоуто: “Сите сме скршени…“
Естер Џенер почина на 96-годишна возраст. Таа е мајка на Кејтлин, трансродова жена која порано беше Брус.
Веста за смртта на социјалната мрежа Инстаграм ја објави една од најконтроверзните реалити личности во светот.
Мајката на Кејтлин Џенер била блиска со Крис Џенер, поранешната сопруга на Кејтлин и со внуките Кендал и Кајли.
„Со скршено срце ве известувам дека мајка ми почина вчера наутро. Се чуствувам многу лошо, во смисла дека таа ме сакаше цел живот. Ужасно ќе ми недостига. Таа беше на неколку недели од нејзиниот 97-ми роденден и беше полна со живот. Те сакам мамо“, напиша Кејтлин во објавата на социјалната мрежа.
Кејтлин Мери Џенер е поранешна олимписка ѕвезда која освои златен медал.
Таа е родена како Брус Џенер, а во април 2015 година јавно се изјаснила како транс личност. Таа имаше шест деца со три сопруги – Кристи Кранер, Линда Томпсон и Крис Џенер. По транзицијата, таа повеќе не беше дел од реалното шоу за семејството Кардашијан.