Дали е ова најдобрата прослава на гол на сите времиња: Погоди од белата точка, па направи магија пред камерите (видео)

0

Катарскиот фудбалер и единствен стрелец за својата репрезентација Акрам Афиф направи нешто неочекувано по првиот гол од белата точка на последниот натпревар од Купот на Азија.

Досега сме виделе разни прослави на голови, акробации, скокања, луѓе кои се претставуваат како животни, доктори, бришачи на чевли и слично, но се сомневам дека некогаш сте виделе магичен трик.

Имено, Афиф, стрелецот на три гола од белата точка, по постигнувањето на првиот гол клекна на колена, го соблече коскобраните и извади слика. Пријде до камерата, замавна со раката и на местото каде што беше картичката магично се појави буквата С.

– Прославата е за мојата сопруга, тоа е првата буква од нејзиното име. Таа дојде да ме поддржи за првпат на стадионот – изјави Афиф по натпреварот.