Димитриевски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Куманово

Претседателот на Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков, вели дека преговорите за учество на претстојните локални избори во рамките на коалицијата продолжуваат и дека со сигурност може да каже дека ќе го имаат својот кандидат за Куманово, Максим Димитриевски, кој е и актуелен градоначалник на општината.

„Во моментов преговорите се во тек. Но, она што можам со сигурност да го потврдам е дека ќе имаме кандидат во градот Куманово, имено нашиот градоначалник Максим Димитриевски. Ќе имаме барем едно градоначалничко место во општините на Градот Скопјe, но и на други места низ републиката за кои преговорите сè уште се во тек“, рече Филков како одговор на прашањето дали се водат преговори со ВМРО-ДПМНЕ за заедничко учество на локалните избори.

Во врска со тоа дали ЗНАМ би поддржала изборна единица, тој нагласи дека се подготвени веднаш да одат на избори според кој било модел.