Додека убавиците ги тресат колковите и облините, зад сцената се случува пекол: Темната вистина за познатиот карневал во Рио за која сите молчат (фото)
Рио де Жанеиро повторно е епицентарот на спектаклот – традиционалниот карневал, еден од најголемите фестивали во светот, трае од 28 февруари до 8 март .
Додека милиони луѓе го слават враќањето на овој раскошен настан, контроверзите не изостануваат – додека некои уживаат во музиката и танцувањето, други остро го критикуваат настанот за сексуализацијата на танчерите и зголемувањето на насилството.
Карневал во Рио : Враќањето на спектаклот
Оваа година фестивалот продолжува со уште попровокативни костими и изведби.
Самба танчерите, познати како „reine de bateria“, повторно се во центарот на вниманието, но не само поради нивната спектакуларна кореографија – нивната улога на карневалот предизвикува дебати за родовата еднаквост и безбедноста на жените.
Контроверзии и предрасуди: Жените под критика
Вивиен Мораис Фереира Гимараеш, која дење продава брза храна, а ноќе танцува самба за училиштето Унидос до Порто да Педра, истакнува дека таа и нејзините колеги често се изложени на навреди и предрасуди.
„Поради начинот на кој сме претставени, луѓето не навредуваат и сугерираат дека сме вклучени во проституција”, рече таа.
Со слични проблеми се соочува и танчерката Рајане да Силва Фереира, претставник на школата „Acadêmicos do Salgueiro“.
„Ние сме малтретирани секогаш и секаде“, нагласи таа уште пред пандемијата, додека Фернанда Флорентино, членка на неколку школи за танц, потврдува дека сексуалното вознемирување не е ограничено на настапи за време на карневалот.
Цената на карневалот: Подемот на насилството и социјалните последици
Освен предрасуди, статистиката укажува и на зголемување на насилството за време на фестивалот. Полициските извештаи покажуваат дека насилството врз жените за време на карневалот е зголемено за 174 отсто од 2015 година.
Дополнително, секоја година се регистрираат стотици пријави за расизам, сексизам и хомофобија, додека кражбите и обидите за силување се вообичаени.
Новинарот и професор на Универзитетот во Сао Паоло, Др. Розане Борхес истакнува дека карневалот често ги прикажува жените на начин што ги сведува на сексуални објекти, а во исто време ја истакнува расната дискриминација присутна во бразилското општество.
Карневалот го слави животот, но дали се неопходни промени?
И додека светот добива слики од танцување, радост и раскошни костими од Рио, вистината за фестивалот останува во втор план.
Карневалот сè уште привлекува милиони туристи и носи значителни приходи во Бразил, но се поставува прашањето – што е потребно за да се промени имиџот на овој спектакл?
Засега се чини дека одговорите на тоа прашање се на втор план, додека веселата атмосфера прикрива сериозни социјални проблеми.