Изградена најмалата куќа на светот: Погледнете што може да собере во минијатура од 2 метри квадратни

Леви Кели изгради куќа на тркала со само 1,8 квадратни метри

Сакајќи да влезе во Гинисовата книга на рекорди како градител на најмалиот мобилен дом, 27-годишен Јутјубер од Западна Вирџинија изградил мала куќа со сите функции на типична куќа.

На толку мал простор, повеќето работи може да се преместат и преклопат. Овде ќе најдете клупа за седење и кревет за спиење, кујна со проточна вода, мијалник и рингла, како и мал фрижидер.

На располагање имате клима уред со функција за ладење и греење, како и пренослив тоалет и туш. Надворешноста на куќата е изработена од кедар, додека внатрешноста е од неколку различни видови дрво, пренесува Телеграфи.

Во оваа куќа продира многу светлина, бидејќи има дури четири прозорци. Куќата била изградена на приколка за автомобил која веќе била во негова сопственост и за нејзината изградба биле потрошени околу 5.000 долари (4.600 евра).

Куќата не е само за шоу – Леви Кели ќе ја користи за кампување со сопругата и двете деца.

Во продолжение погледнете што крие најмалата куќа на светот на YouTube каналот „Levi Kelly Tours“.