Илон Маск под друга тужба: Тесла обвинет за „голема кражба“

Продуцентската куќа Alcon Entertainment, која стои зад филмот „Blade Runner 2049“, поднесе тужба против Елон Маск, Тесла и Warner Bros. Дискавери, обвинувајќи ги за кршење на авторски права и „голема економска кражба“.

Алкон тврди дека на неодамнешниот настан на Tesla во студиото Warner Bros. Дискавери во Бурбанк користеше слика генерирана со вештачка интелигенција која потсетува на сцена од филм од 2017 година, се со цел да ја промовира роботаксата на Тесла.

Во тужбата се наведува дека употребата на оваа слика дошла откако Алкон го одбил барањето на Тесла да ја користи оригиналната снимка од филмот.

shutterstock_Blade Runner 2049 (2).jpg

Во тужбата понатаму се наведува дека сликата евоцирала апокалиптичен свет, како во сцената во која ликот на Рајан Гослинг истражува дистописки свет, и била прикажана 11 секунди за време на говорот на Маск, каде што ги спомнал „Блејд Ранер“ и „апокалиптичната иднина“.

Маск тогаш објави дека „Cybercab“ на Tesla ќе влезе во производство до 2027 година.

Тесла принтскрин 

Алкон истакна дека не сака никаква поврзаност со Маск или Тесла поради „високо политизираните, произволни и контроверзни ставови на Маск, кои понекогаш преминуваат во говор на омраза“.

Тие сметаат дека оваа „лажна врска“ меѓу филмот „Blade Runner 2049“ и Tesla нанела сериозна штета на нивниот бренд, создавајќи конфузија во светските медиуми, што обвинетите можеле да го предвидат.

shutterstock_Blade Runner 2049 (1).jpg

Контекст на оваа ситуација е и фактот што режисерот на филмот „Јас, робот“ неодамна го обвини Маск дека му ги „украл“ неговите футуристички дизајни на возила, што дополнително го засилува чувството дека Тесла се обидува да користи елементи од популарната култура без дозвола.

Договорот меѓу Алкон и Ворнер Брос. е именуван и во тужбата, но со ограничувања на правата за дистрибуција на филмот. Тужбата беше поднесена пред федералниот суд во Лос Анџелес, додека Тесла, Маск и Ворнер Брос. Дискавери не го коментираше случајот.