Кога имаше 11 месеци сите мислеа дека има 3 години: Најголемото бебе на светот порасна денес и еве како изгледа, сите се шокирани (фото/видео)
Кејсон Приего од Њујорк, кој изгледаше како да има три години на 11 месеци, неодамна наполни две години, а неговата мајка, која редовно го снима, покажа каква е неговата роденденска прослава.
Кога се родил, Кејсон имал просечна тежина за новороденче. Тој тежел 3.570 грама, како што раскажала неговата мајка Алекса Приего. Меѓутоа, по само два месеци доење, бебето станало екстремно буцкасто, а на само 11 месеци тежело 14 килограми и носело облека за три годинишо дете, што го прави едно од најголемите бебиња на светот.
Колку е напредно бебе Кејсон покажува и фактот што Центарот за контрола и превенција на болести наведува дека просечната тежина на 11 месечно момче е 9 килограми, додека Светската здравствена организација проценува дека просечната тежината е 10 килограми.
Како што објасни Алекса, причината за екстремниот напредок на Кејсон била количината на млеко што го произведувала по породувањето, а покрај него, овој административен работник во болницата ги има и синот Овен (11) и Грејси (5), кои исто така биле големи бебиња. Меѓутоа, како што станувале се поактивни како што растеле, килограмите едноставно паѓале, вели таа.
Иако не се знае колку тежи сега малиот Кејсон, судејќи по сликите објавени пред два месеци, кога наполни две години, тој продолжи да напредува со ист интензитет, а корисниците на социјалните мрежи кои ја следат неговата мајка се апсолутно воодушевени од ова необично момче со дебели образи кое ги освои срцата на луѓето ширум светот.