Гастроентерологот Саураб Сети ги откри петте знаци дека на вашето тело му требаат повеќе хранливи материи.
Кршливите и меки нокти укажуваат на недостаток на протеини и железо во исхраната. Ноктите првенствено се состојат од протеинот кератин, па затоа е клучно да јадете протеини за да ги одржувате здрави и силни. Препорачаниот дневен внес на протеини е 0,8 грама протеини на килограм телесна тежина.
Грчењето на очите е исто така знак за недостаток на хранливи материи. Во овој случај се работи за недостаток на магнезиум кој е клучен за пренос на нервните импулси.
Оваа состојба е поврзана со стрес, замор, консумација на кофеин, нерамнотежа на електролити, напрегање на очите од предолго гледање во компјутер, одредени лекови и поретко, нарушувања на мозокот и нервниот систем.
Пукање во колената е честа појава, особено како што стареете. Сепак, Сети предупредува дека тоа може да укажува на недостаток на витамин Д3 или калциум. Калциумот ги гради и ги одржува коските цврсти, додека витаминот Д му помага на телото да го апсорбира од храна како што се млекото, сардините и лиснатиот зеленчук.
Прераното појавување на седа коса (пред 20-годишна возраст) може да укажува на недостаток на витамин Б12, кој е клучен за производство на црвени крвни зрнца и транспорт на кислород до фоликулот на косата.
Лесните модринки може да бидат и знак за проблем со недостаток на хранливи материи – во овој случај, недостаток на витамин Ц, кој е одговорен за формирање на колаген, како и недостаток на витамин К1, кој помага во згрутчување на крвта.