Манчестер Cити под истрага за кршење на финансискиот ферплеј 

– Премиер лигата соопшти денеска дека актуелниот англиски шампион Манчестер сити е под истрага на независна комисија за можно кршење на правилата на финансискиот ферплеј. 

Комисијата, како што е соопштено, треба да ги истражи финансиското работење на клубот во периодот од сезоните 2009/10 и 2017/18. 

Според Премиер лигата, Манчестер сити ги прекршил правилата на лигата за задолжително обезбедување „точни финансиски информации кои дваат вистински и фер приказ на финансиската состојба на клубот“, а се однесуваат на сите приходи 9вклучувајќи и приходи од спонзорства), детали за платите и надоместоците за тренерите и играчите, како и почитување на припосите на УЕФА, профиталноста и финансиската одржливост. 

Манчестер сити во февруари 2020  година беше исфрлен од натреварувањата на УЕФА поради навосно кршење на финансиските правила, но подоцна истата година Спортскиот арбитражен суд ја поништи казната.