Мајка и ќерка бремени од ист маж: Вистината случајно ја дознале во исто време а потоа таткото на бебето проговорил „Ваков живот не е за секого“ (ВИДЕО)

Луѓето останаа запрепастени откако една жена откри дека таа и нејзината мајка се бремени во исто време – но тоа не беше единствениот изненадувачки детањ. Во видеото објавено на YouTube, Џејд ја сподели приказната за нејзината „неконвенционална“ врска. Додека ја објаснуваше својата ситуација, нејзиниот партнер Ник Јарди и нејзината мајка Дани седеа до неа на софата. Мајка и ќерка беа облечени во слични сино-бели цветни фустани, додека гордо ги покажаа своите труднички стомаци, пишува Mirror.

„Тоа е неверојатна можност да ја споделите вашата љубов и да ги инспирирате другите да пробаат неконвенционални врски“, рече Џејд, модел од OnlyFans.

„Врската и бракот што ги имаме ни носат среќа каква што досега не сме почувствувале“, истакна таа.

Ник Јарди 10.jpg

Откривајќи необична динамика, Џејд објасни дека чека ќерка со Ник, додека нејзината мајка Дани го носи неговиот син. 

„И двајцата ќе имаме деца на Ник“, изјави Џејд.

,,Мама го носи јуниорот на Ник, а јас го носам Никола и ние сме пресреќни поради тоа.”

Иако е свесна дека нивната ситуација предизвикува чудење, Џејд истакна колку е возбудена: „Да имам заедничко дете со мајка е најубавото и посебно нешто што можев да замислам“.

Дани додаде дека целата ситуација станува уште понеобична бидејќи ќерката на Џејд ќе и биде прва внука, додека нејзиното дете ќе биде и помалиот брат на Џејд.

Тројката тврди дека во исто време дознале за нивната бременост, која ја опишале како „убав момент“. Дани, која веќе има две деца, призна дека е изненадена.

„Не мислев дека повторно ќе забременам на мои години, но ова е вистинско чудо“, рече таа насмеана.

И покрај реакциите што ги добија откако ја споделија својата радосна вест, Џејд, Ник и Дани стојат на своето место.

„Не е вообичаено мајката и ќерката да бидат бремени во исто време – а камоли со ист маж – но не би сакале работите да бидат поинаку“, рече Џејд.

Бремени мајка и ќерка 4.jpg

Ник кратко заклучил: „Овој живот не е за секого. Правете го она што ве прави среќни – тоа е она што ние го правиме“.